Во историјата на нашето минато Oпштина Чашка завзема значајно место на полето на одвивањето на културните и историските настани.Поради тоа не е случајно што на просторот на општината има подигнато голем број на споменици, спомен плочи и бисти поврзани со подалечното и поблиското културно и историско минато на настани и личности.

Во регистарот на меморијални споменици и спомен обележја на територијата на општина Чашка, кои се заштитени од Министерството за култура се:

1.  Камен мост од турскиот период на река Бабуна – с.Богомила
2.  Куќа на Петре Поп Арсов – с.Богомила
3.  Село Горно Врановци – како целина
4.  Куќа седиште на Президиумот на АСНОМ – с.Горно Врановци
5.  Куќа седиште на Главниот штаб- Печатница – с.Горно  Врановци
6.  Куќа седиште на Централниот комитет – с.Горно Врановци
7.  Џамија-1944 година, Партизанска болница – с.Горно Врановци
8.  Црква Свети Никола – с.Мокрени
9.  Црква Свети Атанас – с.Војница

Согласно член 4 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја (Сл. весник на РМ бр.66/04) постојат следниве спомен обележја од локално значење:

1.Спомен плоча во с.Папрадиште на Димитрие Чуповски (обележува годишнина од неговото раѓање)
2.Спомен плоча за загинувањето на Илија Андовски  во с.Нежилово поставена на поранешното училиште
3.Спомен чешма на загинатите во НОВ во с.Ореше
4.Спомен плоча во с.Богомила за масакрот извршен во месноста ,,Сеченица,, лоцирана во дворот на селската црква
5.Спомен плоча за масакрот извршен во месноста ,,Сеченица,, с.Богомила
6.Спомен обележје и бисти на Мицко Козар и Трајче Петкановски лоцирани на железничката станица во с.Богомила
7.Спомен обележје на железничката станица во с.Богомила
8.Спомен плоча и биста за Трајче Андреев- Петкановски во родната куќа во с.Бистрица
9.Спомен плоча за реорганизација на партизанскиот одред “Димитар Влахов” во близина на селата Мокрени и Габровник
10.Спомен плоча кај манастирот “Свети Спас” над с.Мокрени
11.Спомен плоча на Планинарскиот дом во с.Мокрени со испишани имиња на загинати борци од времето на НОВ
12.Спомен плоча за незнајниот јунак над с. Ораов Дол
13.Спомен плоча за формирање на велешкиот партизански одред “Трајче Петкановски” во месноста “Караџови ниви” -Ораов Дол
14.Спомен плоча на Планинарскиот дом во с.Ораов Дол
15.Спомен плоча на Трајче Андреев- Петкановски над с.Ораов Дол
16.Спомен плоча на Трајче Андреев- Петкановски на местото на загинувањето во месноста Осојница над с.Ораов Дол
17.Биста на Васил Антевски -Дрен лоцирана на железничката станица во с.Оморани
18.Спомен плоча за загинатите борци во НОВ од с.Извор и околните села поставена во дворот на задружниот дом во с.Извор
19.Споменик во месноста “Камила”-с. Извор
20.Спомен плоча во Степанскиот манастир во с.Степанци
21.Спомен плоча за одржано советување на Воениот Комитет лоцирана во с.Степанци
22.Спомен биста и обележје за Коле Неделковски во с.Војница (спомен соба)
23.Спомен плоча за нападот на општината во с.Војница
24.Спомен плоча за формирање на ХИИ македонска ударна бригада во с. Војница
25.Спомен плоча за одржан прв митинг во с.Војница
26.Две спомен плочи  во месноста Војничка пештера кај с.Војница
27.Биста за Тодор Јанев која се наоѓа во дворот на ОУ во населба Чашка чие име го носи училиштето
28.Спомен плоча за формирање на велешкиот партизански одред “Димитар Влахов” во месноста “Пешкова глава” на планината Лисец
29.Спомен обележје на местото на загинувањето на Благој Ѓорев во близина на с. Ново Село
30.Спомен плоча за работењето на ОЗНА лоцирана пред ОУ во с.Мелница
31.Спомен плоча за загинувањето на Тодор Јанев и Благој Јосмов лоцирана во с.Лисиче
32.Спомен плоча за формирање на 42-та дивизија во с. Лисиче
33.Спомен плоча за формирање на Осмата македонска бригада во с.Отиштино
34.Спомен плоча за загинати борци од третата македонска ударна бригада лоцирана во с. Отиштино
35.Споменик во с.Долно Јаболчиште која се наоѓа во дворот на училиштето
36.Спомен плоча на болницата на Главниот штаб на НОВ и ПОМ во с. Г.Врановци
37. Спомен плоча на Андон Ќосето во с. Голозинци

МЕМОРИЈАЛНИ СПОМЕНИЦИ И СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈА КОИ СЕ ЗАШТИТЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВОТО ЗА КУЛТУРА

Камен мост на река Бабуна

На влезот на село Богомила на реката Бабуна се наоѓа стар камен мост кој потекнува од турскиот период.
Мостот е граден од камен и се наоѓа во добра состојба. Денес се користи како главен и единствен премин преку реката “Бабуна” во населеното место Богомила, како за неговите жители, така и за жителите и посетителитe на с.Нежилово, с.Папрадиште, с.Ореше, с.Капиново и планинарскиот дом ”Чеплес”.

Спомен куќа на Петре Поп Арсов
Петар Поп Арсов е еден од основачите на македонското револуционерно движење од крајот на 19 век. Тој  е еден од основачите на ТМОРО, а воедно е член на потесното раководство на организацијата како член на ЦК на ТМОРО.
Во село Богомила во состав на зградата во која е сместена месната канцеларија и библиотеката, има две спомен соби со постојана поставка за животот и делото на Петар Поп Арсов.
На влезот на оваа зграда има поставено спомен плоча на овој истакнат македонски револуционер.

Горно Врановци како целина
Селото по својата местоположба има одлична можност за развој на селскиот и планинскиот туризам. На темелите на старата училишна зграда се наоѓа хотелот Врановци, а во селото има изградено и викенд населба. Селото со законот за меморијални споменици и спомен обележја е заштитено во целина.

Спомен куќа – седиште на президиумот на АСНОМ
Во село Г. Врановци во куќата во која престојувале највисоките извршно-политички и воени тела на Македонија, од почетокот на  септември до почетокот на ноември претворена е во меморијален музеј.
Дејноста на Президиумот на АСНОМ за време на престојот во Г.Врановци била доста голема и битна. Пред призидиумот биле поставени низа задачи кои требало да се решаваат во штотуку создадената млада македонска држава. Тука се подготвувани и донесени значајни законодавни акти, како решенија и одлуки од областа на стопанството, социјалната политика, градежништвото, сообраќајот и др.

Спомен куќа – седиште на Главниот Штаб и печатница
Во село Г. Врановци има меморијален музеј каде бил сместен Генералниот штаб на НОВ и ПОМ. Дејствувањето на ГШ е од големо стратешко значење бидејќи било насочено кон извршување на актуелните и сложени политички задачи. Голема е улогата на ГШ бидејќи активностите биле насочени кон јакнење на братството и единството и  ефикасното раководење и организирање на политичкиот живот во Македонија.
За време на престојот на највисоките државни, портиски и воени органи од посебно значење е работењето на печатницата Гоце Делчев, сместена во куќа во село Г.Врановци. Уште од почетокот тука се печатело разновиден пропаганден матерјал,списанија,брошури за потребите на органите на власта, партијата и воените единици.

Спомен куќа – Седиште на Централниот комитет на НОБ

Џамија 1944, Партизанска болница с. Г. Врановци
Во село Г.Врановци на селската џамија поставена е спомен плоча со што е обележан објектот кој бил користен за сместување на ранети и болни борци т.е. главната болница на НОВ и ПОМ. Во почетокот болницата располагала со многу мал број на лица и помошен материјал. Покасно по екипирањето биле задоволени потребите на болницата, во која работеле во три одделенија (хирушко, интерно и заразно). Покрај ова во болницата постоеле и помошни одделенија за исхрана, шиење, перење и др. Оваа болница одиграла значајна улога во згрижувањето на болните и ранетите.

Црква “Свети Никола”-с. Мокрени
Објектот зафаќа површина од 0,5 хектари. Црквата е заштитена од Заводот за заштита на споменици. Истата е трокорабна со полукружна апсида од надвор. Камбанаријата е со квадратна основа, поставена на дрвени греди и се наоѓа на влезот од дворот на црквата. Подигната е во 1852 година. Живописана е во 1860 година. Во црквата има иконостас, владичин стол, црковен мемел и икони кои не се евидентирани.

Црква “Свети Атанас”-с. Војница
Црквата Свети Атанас која се наоѓа во село Војница подигната е во втората половина на 19 век. Таа е трокорабна со полукружна апсида од надвор. Во неа живописот потекнува уште од 19 век, а во Заводот за заштита на споменици се регистрирана две икони кои се од битно значење, но се во доста лоша состојба.