ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЧАШКА

Горан Стојановски

Почитувани,

Да се биде Градоначалник на Општина Чашка е голема чест, а уште поголема одговорност. Како жител на општината, со целото мое животно искуство, знаење, а пред се желба да бидам опшествено ангажиран и корисен, ќе придонесам мојата визија и желба за развој на општината да стане реалност и со тоа да се воспостават нови вредности и стандарди кои ќе придонесат подобар живот за сите граѓани на Општина Чашка.

Ви благодарам на довербата, која ќе се потрудам целосно да ја оправдам.

Со почит:

ОПШТИНА ЧАШКА

ГРАДОНАЧАЛНИК

Горан Стојановски

АДРЕСА:

Градоначалник на Општина Чашка
ул. “Илинденска” 8 1413 Чашка
e-mail: gradonacalnik@caska.gov.mk

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ:

Дата на раѓање: 14.07.1978 Велес

Оженет е и татко на три деца

ОБРАЗОВАНИЕ:

Средно стручно образование-Вет.техничар

ОСОБИНИ И РАБОТНО ИСКУСТВО:

Горан Стојановски, како личност е комуникативен ,близок со народот, човек од збор, секогаш спремен за излезе во пресрет за голем број на проблеми од различен карактер. Со докажани способности за организирање на голем број на активности и професионален пристап кон сите предизвици.

Во периодот од 2002 до 2006 работи како координатор на проект за развој на деца и млади, финансиран од Светска Банка. Во период од 2008 до 2017 година е дел од приватната компанија „ Канела“ во Скопје. Има поминато голем број на обуки, семнинари од областа на проектен менаџмент, тимска работа и комуникациски вештини.Активен член на граѓанскиот сектор во период од 2001 до 2007 година.
Градоначалник на Општина Чашка од 2017 година.