Во непосредна близина на населба Чашка на археолошкиот локалитет “Мрамор” која потекнува од неолотско време пронајдена е топчеста флејта, стара 6000 години. Малиот глинен инструмент е пронајден 1989 година и е изработен од пречистена црвена глина.окарината е целосно сочувана и има неправилна топчеста т.е. елипсовидна форма со дијаметар од 4,7 сантиметар, со шуплива внатрешност. На површината на наодот нема декоративни елемент, видливи се само три перфорациисо различен пречникод 0,4 до 0,6 см.кои се распоредени како три темиња на триаголник.Отворот од замислениот триаголник е нешто поголем и и има мало зарамнување, а другите два отвора се слоро идентични. За окарината се претпоставува дека припаѓа на постариот хоризонт на културно живеење, а ваква флејта покрај Македонија е пронајдена уште три други места во светот.

Во непосредна близина на населба Чашка кај село Отиштино се наоѓа археолошкиот локалитет “Врчви”. На овој локалитет е откриена стара римска населба и засведена латинска гробница од 5 век. Исто така откриена е населба од железно време и некропола и сакрален објект од тој период.