Општина Чашка поседува атрактивни археолошки, амбиентално екскурзивни локации, значајни архитектонски белези и споменици на културата , како суштински елементи за развој на туризмот.

Голем број на атрактивни локации се погодни за развој на спортот, особено планинарење, лов и риболов.
Особено интересна за спеолозите е пештерата Дамјаница, како и голем број на јами.Вистински предизвик за алпинистите е гребенот кој се наоѓа под врвот на Солунска глава кој се наоѓа со висина од 650 м и ширина од 2км е еден од најголемите на Балканот.

Водопадите на река Бабуна се наоѓа на изворот на река Бабуна и има височина од околу 15 м.
Пештерата кај изворите на река Бабуна е најголем потенцијален пештерски комплекс во Република Македонија. Општина Чашка е финансиер на истажувањата кои се од меѓународен карактер и до сега се истаржени повеќе од 3000 метри должина.

Сместувачки капацитети на територија на Општина Чашка :

Планинарски дом Чеплес

На надморска висина од 1435 метри на планинскиот масив Јакупица, во близина на врвот Солунска Глава се наоѓа планинарскиот дом Чеплес.
Во непосредна близина на домот се наоѓа висока букова шума во која истовремено дава извонреден планински амбиент и поглед на врвовите на Јакупица.
Капацитетот на домот е 70 легла.
контакт информации Љупче Ѓоргиев телефон 078 449 002
Тоше Ѓоргиев телефон 075 216 099
facebook Planinarski dom Ceples, planinarsko drustvo Ceples

Најдобар пристап до домот има преку железничката пруга и асфалтен пат до Богомила. Оттука се оди со копа по асфалтен пат до село Нежилово или Папрадиште, и потоа има еден час и половина пешачење до домот.
Богомила -Нежилово асфалтен пат со должина од 8 км
Нежилово Чеплес шумски макадам со должина од 11 км
Од Богомила пеш патот трае 5 часа. Патеките се секаде маркирани и добро оддржувани. Домот се наоѓа во ловен регион со зајак, дива свиња и друг дивеч

Пешачки тури, излети од Чеплес до :
-изворите на река Бабуна – 3 часа
-долна Бабина дупка 1 час
-Горна Бабина дупка 2 часа

Дом Мокрени

На надморска висина од 600 метри во непосредна близина на село Мокрени во прекрасни планински предели се наоѓа планинарскиот дом Мокрени.
Домот располага со капацитет од 30 кревети.
Има одбележани пешачки патеки и тоа :од Богомила до дом Мокрени, од Теово до дом мокрени, Од дом Мокрени до црква Свети Спас, од Мокрени до село Габровник и од Мокрени до врв Биса.. сите патеки се низ разновидна шумска вегетација

Контакт информации Боре Алчев 076 405 455, емаил: borisalchev@yahoo.com

Дом Ораов дол

На надморска висина од 600 метри во непосредна близина на село Ораов дол во прекрасни планински предели се наоѓа планинарскиот дом Ораов дол. Домот располага со капацитет од 30 кревети, кујна , трпезарија за 30 лица.
контакт информации Драган Адамчевски, 078 492 014, email: dragan_adamcevski@yahoo.com
Пешачки тури:
-од дом до планински врв Кадиица- 4 часа

Планинарски дом Папрадиште

На надморска висина од 1000 метри во село Папрадиште во прекрасни планински предели се наоѓа детски планинарски дом Папрадиште. Домот располага со капацитет од 35 легла сместени во 5 простории, трпезарија со дневен престој.

Пешачки тури, излети од Папрадиште :

Мотел Зидан мост Богомила

Во населеното место Богомила се наоѓа мотел, цо извонредна местоположба, со капацитет од 35 легла во 12 соби,ресторан со капацитет од 80 седечки места,конференциска сала за 30 лица, летна бавча и диско, сала за билјард, како и отворено игралиште за мал фудбал.
Мотелот располага со сопствен паркинг простор.
контакт информации Александар 078 482 955 , email: zidanmost@hotmail.com,
facebook motel.vo.bogomila

Пешачки тури до манастири, околни села и Чеплес , куќата на Петре Поп Арсов.

рибник Хотел Нежилово

Во атарот на село Нежилово на реката Бабуна се наоѓа рибник на пастрмка. Во склоп на рибникот се наоѓа и рибен ресторан кој во секое време е отвроен за гости и посетители.
Функционира и Хотел Нежилово со капацитет од 60 легла распоредени во 16 соби и 2 апартмани како и сала за состаноци за 80 лица.
рибник ресторан со капацитет од 170 лица

контакт информации Дуле Димовски 070 303 029,email: ribniknezilovo1@yahoo.com
facebook ribnik restoran Nezilovo

Пешачки тури , излети од Нежилово до:

Ресторан Оморани

Рибник ресторан за крап и пастрмка за 200 гости. Сместувачки капацитет во Оморани , „ Ранчо И Ванчо на Ката“
Контакт информации Рикардо Илиев 077 642 004,
facebook ribnikrestoranomorani

Сместувачки капацитет „ Ранчо и Ванчо на Ката“ Оморани

Точно во центарот на Македонија се наоѓа селото Оморани, закрилено од околните ридови. Реката Бабуна им вдахнува живот на живописните падини на Јакупица, на која се издигнува Солунска Глава (2500 м.н.в.) која привлекува бројни планинари и алпинисти за да го освојат гребенот „Нежилови Стени“. Посебна адреналинска забава е да се стигне до водопадот на Бабуна.

Околината на селото е привлечна за оние кои бараат авантури како планински велосипедизам, пешачки тури до околните манастири, сезонска посета на околните бачила, традиционален начин на риболов или пак лов и сафари за набљудување на дивите животни.
Во селото Оморани се наоѓа стара селска куќа, реставрирана во автентичен македонски стил која нуди сместувачки капацитети првенствено на база ноќевање со појадок за љубителите на природата кои сакаат да доживеат нови авантури.

Како до Оморани со воз:
Од главната железничка станица во Скопје поаѓаат возови 3 пати дневно кои возат на релацијата Скопје – Битола. По околу 1 час и 45 минути возење, треба да се симнете на станицата Васил Антевски Дрен. Отткука можете да стигнете пешки до с. Оморани на оддалеченост од 3 км или пак да најмите локално возило од Дрен кое ќе ве превезе до нашата куќа.
Возен ред од Скопје кон Битола: 06:48 14:30 19:20
Возен ред од станицата во Дрен кон Скопје:
04:52 14:36 20:19

Со автомобил:
Од Скопје се вози по автопатот Е-75 до Велес. треба да се исклучите на првата клучка и да го следите знакот за Богомила. патот поминува низ Вeлес. Откако ќе излезете од Велес кај фабриката Ceramica Nova, продолжете уште 30-тина км следејќи ги патоказите за Богомила. По изминувањето на оваа километража, следете го патоказот за с. Оморани кој ќе ве упати да скршнете лево од главниот пат и по возење од 1 км ќе стигнете до центарот на селото, каде се наоѓа црквата Св. Константин и Елена, а веднаш до неа е Ранчо и Ванчо на Ката.

Контакт информации
Ката 075 469 380
Ванчо 078 409 407
kata@ruraltourism.mk
www.ruraltourism.mk

Извиднички центар Голозинци

Во април 1997 година извидничкиот одред “Димитар Влахов” за остварување на сопствените програмски активности го формираше извидничкиот центар “Голозинци” во истоименото село, кои што се наоѓа во централна Македонија или 20 километри југозападно од Велес во општината Чашка.
Истиот комуникациски е поврзан со автобуски и железнички превоз.
Извидничкиот центар располага со цврст објект со 50 легла, кујна, трпезарија, санитарен чвор и уреден логорски простор за 50 шатори.

Центарот за своите потреби располагa со современа опрема (ТВ, озвучување, компјутер) кои што се користи за програмските активности и организирањето на културно забавната програма.
Може да се каже дека центарот е место за забава и обука на извидниците од Македонија и пошироко.
Сакаме да нагласиме дека присуство на извидничкиот одред Димитар Влахов на терените на општина Чашка, голем дел од населените места како што се Голозинци, Лисиче, Еловец и населба Чашка имаат и економски придобивки од присуството на големиот број на извидници од Македонија и надвор од неа.

Контакт информации

Анѓелче Гушев 076 226 956,078 598 800
Златко Ристов 071 213 935
ул. Трајче Панов 22 – ПФ 85 Велес 1400Македонија
Телефон: ++ 389 43 529 – 222
Факс: ++ 389 43 212 – 450
Е-маил: scoutveles@gmail.com
http://scoutveles.org.mk