Првата манифестација “КОМПИРИЈАДА” се оддржа во 2010 година. Секоја година во зависност од временските услови во месеците октомвр- ноември се оддржува манифестацијата во село Горно Јаболчиште.

Имено манифестацијата е во организација на Општина Чашка и ООУ „Лирија“ Горно Јаболчиште.
Локалните производители на компири, овчо сирење, јаболка ,дуњи имаат можност своите производи да ги понудат на посетителите, гостите во местото каде се произведуваат.

Посетителите, гостите имаат можност да го посетат Горно Јаболчиште и на лице место ги видат природните убавини и воедно купат производи од лице место каде и се произведуваат. Земјоделците своите производи најчесто ги носат на пазарите во Велес.

Манифестацијата е само дел од имплементацијата на Стратегијата за локален економски развој на Општина Чашка во однос на промоција на општината.