Поради непостоење на сопствено производство на електрична енергија општината потрбите ги задоволува со користење на енергетскиот систем на ЕСМ. Локалниот дистрибутивен систем располага со електрифицирање на сите населени места со исклучок на Крнино, Поменово и Капиново. Исто така во местата каде што има снабдување со електрична енергија е поставен и систем на јавно осветлување кој постојано се надградува.

Развојот на телекомуникациите на подрачјето на општината се карактеризира со интензивен систем на телефонската мрежа, со адекватни техничко-организациони елементи кои одат во прилог на проширување и модернизација на комуникациската мрежа и во останатите населени места.  Во телефонската мрежа се поврзани 30 населени места. Со оглед на предизвиците на современиот живот, на подрачјето на општината масивно се користат системите за мобилна телефонија и интернет мрежата. Чашка, Богомила, Извор и Горно Јаболчиште располагаат со современи пошти кои ги вршат сите поштенски, телефонски и други видови активности.