Стратешко географската положба на општина Чашка придонела да овие простори бидат населени уште од праисториско време. Доказ за ова се големиот број на археолошки наоѓалишта и културно-историски спомен обележја во близината на Чашка, Голозинци, Извор, Отиштино и др. Најголем дел од најдените предмети се од младата камена епоха-неолитот и овие предмети се наоѓаат во Народниот музеј во Велес. На нашата територија има голем број на споменици на културата кои се заштитени од Министерството за Култура. Исто така овде живееле и твореле многу значајни личности, кои дале голем придонес во сите сфери на животот на територијата на целата република.