За првпат се воспоставува од 2008 год каде децата од основните училишта од Чашка, Велес и Градско со наставниците, менторите имаа можност да се инспириираат од природните убавини.
Од година во година станува препознатливва манифестација не само како регионална, туку манифестација со државен карактер.
Денес, манифестацијата е во организација на ООУ„ Тодор Јанев“ Населба Чашка и Општина Чашка. .
Сите учесници на од детската ликовна колонија добиваат признанија за учество.
Целта на манифестацијата е да учесниците ги запознаат природните убавини на нашата општина, која се наоѓа во центарот на Македонија. На оваа манифестација им даваме можност да ја изразат својата креативност, своите уметнички квалитети и ликовни вештини.
Општината изобилува со многу пејсажи, природни убавини и карактеристични мотиви кои го привлечат вниманието на учесниците кои го пренесуваат на сликарското платно и од оваа колонија произлегуваат многу успешни детски цртежи, кои остануваат во нашиот ликовен фонд, а за нив ова е искуство повеќе но и поттик за понатамошно ликовно творештво.