Системот за електронски постапки за урбанистички планови има за цел да го олесни процесот за донесување на постапки за урбанистички планови. Неговата цел е пред се да обезбеди брза и лесна комуникација помеѓу засегнатите страни во целиот тек на донесувањето на постапката. На тој начин се обезбедува ефикасно исполнување на барањата на сите корисници на системот како и транспарентност во целиот процес на донесување на плановите, преку увид во секоја фаза и чекор од нивното процесирање.


Со помош на овој систем добиваме преглед на започнатите постапки, нивната историја на движење во текот на целата постапка како и на историјата на промени.

Линкот за пристап е овде.