Манифестацијата се воспостави за првпат во 2006 год во организација на ООУ„Петре Поп Арсов“ Богомила.
Денес е манифестација на ООУ„ Петер Поп Арсов“ Богомила и Општина Чашка. Настанот има за цел промовирање на храна од здрава и чиста еколошка средина.

Манифестацијата се одржува секоја година во населените места на АЗОТ се со цел да се промовираат сите населни места.

Општина Чашка e исклучително чиста и еколошка здрава животна средина, без чад од индустриски оџаци, редок сообраќај, но богата со чисти и ладни води, плодни ниви.

Посетителите имаaт можност да поминaт еден ден во здрава чиста еколошка средина, запознавајќи ги земјоделските производи од селата Стариград, Теово, Согле, Богомила, Ореше, Нежилово, Извор, Мартолци и Оморани. Посетителите имаат можност да ги дегустираат локалните специјалитети подготвени од вештите раце на мајките и бабите, да ја запознаат народната традиција карактеристична за овој крај, како и можност да бидат во контакт во локалните земјоделци кои ги произведуваат овие специјалитети.

Нашиот крај се одликува со благи зими и свежи лета, кои се добар предуслов за одгледување на разновидни растенија-овошје и зеленчук, шумски плодови и многубројни лековити растенија.

Од градинарските растенија посебно треба да го истакнеме богомилското гравче.Друг производ кој потекнува од оваа еколошки чиста и здрава средина е компирот. Посебно треба да се истакне одгледувањето на повеќе видови на пиперки на подрачјето на селата Теово, Мартолци и Извор. Во подрачјето на Азот многу ги има и оревите, бадемите и лешниците кои се корисни во во исхраната на човекот.Шумските плодови како што се печурките, капините, шипките, боровинките имаат важно место во исхраната на човекот, посебно печурките-вргањ, кои воедно претставуваат извор за егзистенција – опстанок на многу луге од овој крај.

Добрите климатски услови овозможуваат одгледување на пчели и произведување на многу квалитетен мед.Ливадите, пасиштата и шумите исто така овозможуваат да се одгледува крупен и ситен добиток и живина. Добиеното млеко и млечните производи, месото и јајцата наоѓаат важно место во исхраната на човекот. Поради бистрите и ладни води, на реката Бабуна во селото Нежилово се изградени рибници, каде се одгледува рибата пастрмка.