Овој систем овозможува ефикасен, транспарентен и унифициран начин на постапување на сите надлежни органи и субјекти по најсовремени стандарди, во најкраток можен рок а врз основа на Вашето поднесено барање.

Преку овој систем можете да поднесете:
1. Барање за издавање на одобрение за градење, доградба и надградба;
2. Барање за измени во текот на изградбата;
3. Барање за промена на инвеститор;
4. Барање за издавање на одобрение за употреба на градба;
5. Барање за издавање на одобрение за реконструкција;
6. Барање за издавање на одобрение за пренамена;
7. Барање за издавање на одобрение за адаптација
8. Барање за одобрение за подготвителни работи;
9. Барање за одобрување на идеен проект;
10. Барање за издавање на решение за изведување на градби за кои не е потребно одобрение за градење.

Информацискиот систем овозможува водење на постапките во сите нејзини фази единствено по електронски пат, започнувајќи од електронско поднесување и потпишување на потребната документација од страна на инвеститорот, електронска подготовка и донесување на актите во постапката, електронско известување и обезбедување на потребни податоци и документација од останати вклучени субјекти и електронско издавање на актите во постапката.

За секоја фаза во која се наоѓа Вашиот предмет, ќе бидете едновремено известени преку автоматски и независен систем на достава на електронска пошта и известување испратено преку автоматскиот сервис за кратки пораки (SMS).

Линкот за пристап е овде.