Проект „Изградба на Дом на култура“ Населба Чашка
Вредност на проектот 13.076.206 МКД вкупно со ДДВ
Според проектот, Домот на културата ќе поседува мултифункционална сала со широка сцена која ќе се користи како театар, кино и за други настанисо 250 седишта, мала конгресна сала со 30 седишта, градска библиотека, 5 деловни објекти, кафетерија и административни канцеларии. Со новата мултимедијална сала се создааваат просторни услови за културни манифестации, проекции на филмови, користење на салата за состаноци и здружување, со што се директно се создаваат нови културни содржини
Објектот ќе биде со вкупна површина од 1100 м/2, приземје и кат.
Со изградбата на Дом на култура дирекно ќе придонесеме во културен развој на Општина Чашка. Новите културни содржини ќе придонесат во влијание на задржување на населенито и спречување на миграциите село град