Населението од Општина Чашка ги користи предусловите за чиста здрава средина. Имено земјоделството е една од основните гранки за развој на општината.

Најголем дел се занимава со производтсво на тутун, како и несомнено е да се напомене производство на јачмен, пченка и ориз кој се одгледува по течението на река Тополка.

Високите предели се идеални за равзој на сточарството, каде има голем број на регистрирани и огрански одгледувачи. Имено во пределот на Горно Јаболчиште, Долно Јаболчиште, Дреново, Папрадиште се произведува и далеку познатиот планински компир.

Голем број на лица ги бараат и богомилскиот грав, костенот од Горно Врановци, пастрмката од Голозинци и Нежилово.
Идеалната местоположба на Чашка и прекрасните предели изобилуваат и со шумски плодови, печурки, лековити билки кои се со висок квалитет.

Преглед на информации повразни со земјоделството обработени од  Попис на земјоделство, 2007 година може да го погледнете овде.

Преглед на информации поврзани со земјоделството 2009-2017 година може да погледнете овде.