Андреја Дамјанов(1813-1878)
Андреја Дамјанов (1813 – 1878) е еден од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот. Роден е во село Папрадиште, во семејство на познати мијачки градители. Со своите браќа, мајсторот Андреја градел цркви во Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и други земји на Балканот. Неговата градителска умешност била забележана и во Европа, особено од патеписците кои Андреја го споменуваат како вреден и ценет мајстор. Неговите цркви се сметаат за бисери на сакралната архитектура на Балканот.
При изградбата на црквите кои ги решавал како тробродни базилики со полуцилиндречни сводови, Дамјанов особено внимавал на акустиката во ентериерот на црквата како и на декортивните елементи на столбовите кои се белег на неговите градби. За негова најубава и неповторлива градба се смета соборниот храм „Св. Великомаченик Пантелејмон“ во Велес, изграден во 1840 година. Дамјанов е градител на црквата во манастирот “Св. Јоким Осоговски“ кај Крива Паланка како и на црквите „Св. Богородица“ во Ново Село, штипско и „Св. Архангел Михаил“ во Чичево. Во Србија ги изградил црквите „Св. Илија“ во Печењевац, „Св. Ѓорги“ во Смедерево, соборната црква во Ниш како и соборната црква во Сарево. Тој ја завршува и градбата на црквата во Мостар. Андреја Дамјанов се смета за ненадминлив градител на сакралани објекти на Балканот.

Петар Поп Арсов( 1868- 1941)
Петар Поп Арсов е македонски револуционер, основноположник на Македонската револуционерна организација, догогодишен член на ЦК на ТМОРО, задграничен претставник на организацијата, автор на нејзиниот прв Устав и автор на познатата пбликација „ Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“. Роден е во Богомила во август 1868 год. Учел во Велес, Солун и Белград. Во Софија студирал на Филозофско- историскиот факултет заедно со бројна македонска интелегенција Даме Груев, Крсте Мисирков, а подоцна и со Гоце Делчев и Ѓорче Петров. Меѓу нив во 1892 год созреала идејата за создавање„ Млада македонска книжевна дружина“ која го издавала списанието „ Лоза“. Нивна задача била да ја негуваат, развиваат и усовршуваат македонската национална мисла. Набрзо, заради својата активност Петар Поп Арсов е протеран од Бугарија. Во 1893 год во Солун ги поставил темелите на ВМРО.

Димитар Андонов Папрадишки( 1859- 1954)
Димитар Папрадишки или последниот македонски зограф и првиот македонски сликар. Неговиот близу еден век долгивот надополнет со семејната зографска традиција му дава посебен белег на крајот на XIX век и првата половина на XX век во Македонија.
Роден е во с. Папрадиште. Со тајфата на татко му го изучил зографскиот занает и како 18 годишно момче веќе работел на живописување на црквите во гевгелиско. Од Велес купил „ славјански учебници“ и учел и пропагирал словенска писменост. На 20 год целосно ги презел сликарските работи на својата тајфа во црквите. За да стане „ учен зограф“ заминал во Киев- Русија и ја завршил Худествената- иконографска школа (1882/ 83). По враќањето работел во црквите во Азот и Велешко. Иако имал услови да ги продолжи студиите како стипедијант на Духовната академиај во Москва, тој се вратил во Велес и започнал со интензивна сликарса работа. До 1890 год сликал иконостаси и икони во црквите низ МАкеоднија, а потоа бил повикан во Софија да работи портрети на знаменити личности. Со тоа ги положил темелите на македонското сликарство , не откажувајќи се се уште од црковната сликарска уметност.
Во 1940 год Папрадишки ја добил наградата за сликарство од скопската општина: На првата уметничка изложба во Скопје 1941 год се претставил со 13 дела. По војнаата станал номинален член на колективот на Народниот музеј од Скопје. Починал во длабока старост во 1954 год.

Коле Неделковски (1912 – 1941)
Периодот меѓу двете светски војни со својата творечка дејност го обележува и Коле Неделковски. Роден е на 16 декември 1912 година во с.Војница, во сиромашно земјоделско семејство. Како ученик најпрво во велешката гимназија, а потоа во трговското училиште во Скопје започнал да пишува поезија. Неговиот чичко Илија Војницалија и самиот поет со богата домашна библиотека му овозможил да ги открие тајните на творештвото и да му ја всади љубовта кон литературата. Социјалниот статус што го имал, неправдите што ги чувствува врз себе, трајно го определиле на страната на напредното синдикално движење.
Во 1933 година пристигнува во Софија како емигрант. Во 1938 година на страниците на “Илустрација Илинден” објавена е неговата прва песна “Стојан војвода” (“Стојан на Ордановци”). Една година подоцна во македонскиот книжевен кружок другарува со Никола Вапцаров, Антон Панов, Ѓорѓи Абаџиев, Венко Марковски и други познати македонски револуционерно-книжевни дејци. Кој крајот на 1939 година ја издава својата прва стихозбирка “М’лскавици”, со која го поддржува трендот на пишување македонска поезија со македонска тематика и употреба на македонски литературен јазик. Во 1940 година станува член на диверзантска група “Млади антифашистички борци”. Во август 1941 година излегува од печат неговата втора книга “Пеш по светот”. Десет дена подоцна, на 2 септември 1941 година полицијата го разоткрива и го фрла од прозорецот на неговиот стан во Софија, на ул.”Генерал Паренцов” бр.16.

Димитрија Чуповски ( 1878- 1940)
Димитрија Чуповски роден е во с. Папардиште. Во Софија, каде го учел молерскиот занает, го посетувал вечерното училиште за Македонци. Тука ги научил основите на национално ослободителната борба од Крсте Мисирков.
Во периодот од 1893 до 1895 год престојувал во Белград каде активно се вклучил во друштвото на македонските студенти „ Вардар“. Во 1898 год заминал за Русија каде со кратки прекини престојувал до крајот на животот. Починал во 1940 год. во Лениград , а неговите посмртни останки се донесени во 1991 год.
Неговата долгогодишна дејност е насочена кон независност на Македонија, нејзино национално осознавање и осамостојување.
Тој бил претседател на Македонското научно- литературно другарство, издавач на списанието„ Македонски глас“. Неговите јавни настапи и објавени статии го издвојуваат како најистакнат претставник на македонската национална мисла,

Ѓорѓи Јаковов Зографски( 1871- 1945)
Ѓорѓи Зографски потекнува од Резновско-Зографскиот род, од мијачкото село Тресонче , кој спаѓа меѓу најстарите родови од Река што се занимавале со градителство, зографство, иконопис и копаничарство. Се родил во село Папрадиште, 1871 год. Зографски е доследен следбеник на творештвото на Димитар Андонов Папардишки со кого заедно го започнуваат новиот период во развојот на ликовната уметност во Македонија.
Основно образование завршил во родното емсто, учејќи азбука и читање од „ стари словенски книги“ од кои поголемиот дел биле од црковен карактер. Од најранотот детство Зографски почнал да го придружува својот татко на неговите печалбарски патувања со цел да го учи зографскиот занает.
Периодот од 1927 до 1929 година се смета за еден од поплодните негови периоди. Покрај икони и живопис во овој период насликал и доста портрети на познати личности, трговци, занаетчии и негови пријатели од Велес. На тој начин, Зографски конечно стекнал голем авторитет на сликар, кој покрај црковното, полека почнал да го негува и профаното сликарство. Тој спонтано ги прифатил новите ликовни струења во уметноста, го збогатил својот ликовен репертоар со нови ликовни идеи и содржини, со теми инспирирани од секојденвниот живот и непосредната околина.
Во периодот после 1899 година Зографски се формирал во вистински зограф кој можел да оформи своја сликарска тајфа и работи самостојно. Својата прва самостојна работа од областа на иконостасот ја започнал во Србија, во црквата Св. Ѓорѓи во Сурдулица, во 1899 год. Продолжил да работи во црквите Св. Троица во Куршумлија, СВ. Теодор во Азбресница, Св. Петка во Сечаница, Св. Прокопиј во с. Шумане и Св. Арх. Михаил во с. Балаинац, се до 1912 год, Неговиот авторитет и слава достигнуваат врв во 1932 година, кога во дневниот печат биле објавени повеќе текстови за неговиот живот и творештво. За неговиот придонес во областа на црковното сликарство Зографски бил одликуван со орден на св. Сава. Од 1935 год, па се до крајот на својот живот постојано живеел во Велес. Сликал главно икони за селските цркви во оклината на Велес, но и портрети на негови блиски роднини и пријатели. Починал 1945 год, со неговото име завршува творечкиот период на родот кој повеќе од два века бил двигател на уметничкиот живот на само во Макдеонија туку и пошироко на балканските простори.