Чашка една од двете пилот општини во Македонија каде се имплементира пројектот Активно стареење

Вчера на 04.10.2018 од страна на претставници на Македонска платформа против сиромаштијата и нивните консултанти, во Општина Чашка беше презентирана “Програмата за активно стареенје” – Пилот Пројект кој се имплементира во Општина Чашка и … Виница.

Целта на Пројектот е организирање на активности за старите лица со цел зачување на нивното физичко и ментално здравје.

Претставниците на МППС направија две средби. Првата средба во Дневниот центар за стари лица во Населба Чашка каде старите лица покажаа дека се заинересирани да се организираат вакви активности. Седбата беше интерактивна со цел да се откријата нивните потреби.

Втората средба беше организирана во просториите на Општината каде беа присутни претставници од Министерство за Труд и социјална политика, невладини организации, Меѓуопштински центар за социјална работа Велес и претставници на општината.

Од страна консултантите беше презентирана програмата која отвори дебата меѓу присутните кои пројавија итерес да помогнат во имплементација на активностите.