Врз основа на покренатата иницијатива на Градоначалникот на Општина Чашка за чистење на речното корито во с.Долно Јаболчиште и с. Горно Јаболчиште, на ден 02.02.2018 година на лице место се изврши увид на сосотојбата со загадувањето.

Имено загадувањето на речното корито на река Тополка во с.Долно и с.Горно Јаболчиште беше констатирано при увидот извршен од страна на … Градоначалникот на Општина Чашка, државниот секретар од Министерство за одбрана на РМ г-дин Драган Николиќ како и Генерал Полтполковник г-дин Димче Петровски од генералштабот на АРМ.

При посетата се утврди моменталната сосотојба и разгледуваа можните решенија за чистење на речното корито помогнато од Министерство за одбрана на РМ, механизирана единица на АРМ и Општина Чашка. Во скоро време се очекува отпочнување на конкретни активности за чистење на речното корито на река Тополка во с.Долно и Горно Јаболчиште.