Денес започна асфалтирањето на регионалниот пат P-2336 од с.Теово кон с.Богомила. Ќе се асфалтира патот низ с.Теово (од влезот до излезот) и патниот правец од с.Согле кон с.Богомила.
За оваа намена беа обезбедени 25 000 000 денари од страна на Агенцијата за државни патишта. Асфалтирањето ќе трае до средината на месец мај при што патниот правец ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 10 до 14 часот секој работен … ден. Поставувањето на нов асфалт ќе придонесе за побрз и подобар транспорт на стоки и услуги како и подобрување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.