Во Општина Чашка во тек се бесплатни скрининг прегледи за рано откривање на рак на грло на матката кај женската популација. Прегледите се иведуваат во соработка со Министерство за здравство, Лекари специјалисти од Клиника за гинекологија и невладината UNFPA. Волонтерите на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Велес се целосна логистичка поддршка за реализација на прегледите. Ангажирани се од Основната организација од Чашка. Анализите покажуваат дека кај поголем процент од женската популација може да има одредени компликации и затоа е добро тие да се откријат навреме преку редовни тестирања и прегледи. Согласно плановите во Чашка и околните населени места треба да се извршат околу 80 до 100 бесплатни прегледи.