Општина Чашка е горда на функционирањето на здруженијата на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка и со своите програмски и проектни активности активно се вклучени во подобрување на квалитетот на живот во населените места и афирмација на формите за развој и промоција на алтернативниот туризам.

Веќе неколку години, традиционално во јуни се …

одржува велосипедската тура “АЗОТ МТБ предизвик” препознатлива кај љубителите на велосипедизмот.

Оваа година “АЗОТ МТБ 2018” ќе се оддржи во период од 26 до 27.05.2018 година, со зголемена програма и понуда и тоа: “АЗОТ МТБ голем маратон”, “АОЗТ МТБ мал маратон”, планинарска патека “АЗОТ” и планинско трчање.

Општина Чашка дава несебична поддршка за успешна реализација на “АЗОТ МТБ 2018”. Горди сме што љубителите на природата ја препознаваат Чашка, природните убавини и можности кои ги нуди за развој на алтернативен туризам.

(клик на карта за поголема слика)

Сите детални информации за АЗОТ може да се добијат на официјалната веб страна: http://azot.velesbiking.mk/