После една година од прифаќањето на предизвикот да го превземе кормилото на Општина Чашка, Градоначалникот на општината денес даде извештај за реализираните активности во периодот од кога е на чело на оваа институција, на свикана прес конференција. Во освртот беше ставен акцент на состојбата во која се наоѓаше општината, напорите кои беа направени истата да се …

исправи “на нозе”, реализираните активности и плановите за проектите кои треба да се реализираат во периодот кој следи. Имено во првиот дел, Градоначалникот кажа дека општината е затечена со долг од 15.343.067,00 денари, со блокирана сметка и тешки услови за нормално функционирање.

Со голем напор и со правилна но реална стратегија беше утврден курсот по кој ќе се движи општината и истото за релативно краток период даде резултати.

Имено акцент за да се постигне ова се стави на намалување на непродуктивните трошоци кои беа редуцирани од 16.311.298,00 денари во 2017 година по основ на репрезентација, правни услуги, медиумско претставување, гориво, времени вработувања и обезбедување, беа намалени на 5.403.700,00 денари во 2018 година со што беше остварена заштеда од 10.907.616,00 денари или се постигна намалување на непродуктивните трошоци во 2018 во однос на 2017 година од 67,3%.

Во планот за консолидирање на финансиската состојбасе акцентираше и зголемување на сопствените приходи. во 2017 година реализирани се 7 јавни набавки во висина од 4.602.599,00 денари, а до октомври 2018 година се спроведени 57 јавни набавки во висина од 9.754.558,00 денари.

До крајот на годината планирано е истите да ја достигнат бројката од 60 јавни набавки. Беа реализирани активности со кои се подига квалитетот на живот на децата, учениците, пензионерите. Се реализираа капитални проекти, се инвестирање во комунална и патна инфраструктура, се придонесе во подобрување на услугите во сферата на здравствената и социјална заштита. Детално реализираните проекти се наведени во продолжение:


Градоначалникот истакна дека сега, кога општината веќе е ослободена од товарот на заостанатите обврски и долгови, со новиот Буџет за 2018 година, покрај средствата предвидени за реализација на програмите на општината кои беа креирани врз основа на сугестиите и редлозите на жителите, ќе може да се планираат и имплементираат следниве проекти:

Темелниот извештај на Градоначалникот на Општина Чашка заврши со ветување дека ќе се вложат максимални напори од негова страна и од страна на општинската администрација за реализација на што поголем дел од зацртаните активности.