Во завршна фаза се градежните работи на улицата „Тодор Јанев„ во Населба Чашка. Асфалтирањето на дел од улицата е преку проектот „Современа и модерна Населба Чашка“, со средства обезбедени од Бирото за регионален развој во висина од 3 752 400 денари со вклучен ддв.

Со оваа улица се подобруваат условите за живот на сите жители и посетители на Населба Чашка.