Почнувајќи од ЈАНУАРИ 2023 година и во наредните неколку месеци општина Чашка започнува со РЕГИСТРАЦИЈА и РЕПРОЦЕНКА на ВАШИОТ НЕДВИЖЕН ИМОТ.

Во тој период наши обучени тимови ќе ги посетат Вашите домови за да ги добијат неопходните податоци околу регистрација и репроценка на Вашиот недвижен имот.

Сопственикот на имотот, за спроведување на оваа законска обврска, потребно е да приложи документи за лична идентификација и документи за докажување на сопственост (имотен или поседовен лист) при посетата на тимовите.

Сите објекти, вклучувајќи ги и бесправно изградените објекти се законски предмет на оданочување.

Средствата од собраните даноци се вложуваат за Вашата подобра иднина и за развој на општината

ВЕ МОЛИМЕ ВО НАВЕДЕНИОТ ПЕРИОД ДА ОБЕЗБЕДИТЕ ПРИСУСТВО ВО ВАШИОТ ОБЈЕКТ СО ШТО ЌЕ ЈА ПОДДРЖЕТЕ ЈА ОВАА АКТИВНОСТ И ЌЕ ПОМОГНЕТЕ НА ВАШАТА ОПШТИНА