Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02),
Претседателот на Советот на општина Чашка, донесе
Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА
СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ЧАШКА
Претседателот на Советот на општина Чашка свикува 9-та седница на Советот на општина Чашка, која ќе се одржи на 28.04.2022 година (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториите на Советот на општина Чашка.
-Усвојување на записник од петта седница на Советот на општина Чашка;
-Усвојување на записник од шеста седница на Советот на општина Чашка;
-Усвојување на записник од седма седница на Советот на општина Чашка;
-Усвојување на записник од осма седница на Советот на општина Чашка;
На седницата го предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог-Одлука за усвојување на Квартален извештај за извршување на Буџетот на општина Чашка за период 01.01.2022-31.03.2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување Буџетски календар на општина Чашка за 2022 година;
- Предлог-Одлука за усвојување на Правилник за условите, начинот и постапката за доделување на материјална поддршка на спортски клубови, спортски здруженија и здруженија на граѓани кои извршуваат јавен интерес на територијата на општина Чашка;
- Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решение за формирање на Комисија за млади и спорт;
- Предлог-Одлука за давање согласност за издавање под закуп на недвижни ствари сопственост на општина Чашка во КО Чашка, КО Ораовдол и КО Бистрица;
- Одлука за усвојување на Правилник за изменување и дополнување на Правилник за ситематизација на работни места во ЈОУДДГ „Бамби“ населба Чашка, општина Чашка;
- Барање за финансиска поддршка од КУД „Тодор Јанев“ Чашка;
- Советнички прашња;
- Разно;
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВЕН РЕД ЗА 9 СЕДНИЦА
Предлог-Одлука за кофинансирање за потребите на проект „Развој и унапредување на патната инфраструктура за поголема безбедност преку реконструкција на патишта во општините Градско и Чашка“
ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на Совет
Трајче Мишкоски
ПРЕНОС ОД СЕДНИЦАТА ИМАТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК