Реализација на активности на проектот “Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво” реализиран од НВО Инфо Центар во соработка со Активо од Велес поддржани од меѓународниот ценатр “Улоф Палме” од Шведска и Општина Чашка организираат настани, посети на населените места со цел собирање на потреби и приоритети со посебен осврт на малцинските заедници.
Општина Чашка е мултиетничка општина. Се планира посета на неколку населени места со цел прибирање на лице место на пробелмите и потребите со кои се сооочуваат жителите. Настанот е со цел евиденција на потреби и приоритети во Општина Чашка, со осврт на малцинските заедници.
Чашка е една од ретките општини каде бројот на жители е зголемен. Со задоволување на потребите на жителите населението се задржува и се спречува миграцијата село- град.
Преку овие средби населението ги презентираат проблемите со кои се соочуваат, со посебен осврт ќе бидат земени потребите на малцинските зедници и нивна приоритизација во работата на Општина Чашка за 2022 година. Дел од барањата ќе бидат внесени во годишните програми на локалната самоуправа, а дел ќе се бараат средства од донатори, домашни странски.
Во изминатиов период се посетија населените места: Лисиче, Горно Врановци, Согле и Богомила.
Месното население како и вработените во институцијата ООУ “Петре Поп Арсов” имаа мжност на лице место пред претставници од локланата самоуправа, Одделение за локале економски развој,да ги изразат своите потреби .
На дел од средбите присуствуваше и лицето задолжено за месни заедници и малцински заедници.
Овие средби даваат реална слика на потребите на жителите со посебен осверт на потребите на малцинските заедници.
На присуствуваат вработени од Општина Чашка кои ќе ги евидентираат и ќе се направи листа на потреби и нивна приоритизација. Во самата општина има вработено лице кое е задолжено за соработка со месните самоуправи и малцинските заедници кој е диретна врска со месното население.
Сите лица имаат директна можност на лице место да ги искажат своите потреби и истите да бидат евидентирани со цел подобрување на животот во населените места. Проблемите се од патна и комунална инфратсруктура, подобрување на образовниот процес со модернизација на наставни и нагледни средства, потреба од амбуланта, спорт и рекреација детски игралишта и други.
Продолжуваме со посета и на други места со цел собирање на проблеми, приоретизација на проблемите и нивно решавање со поддршка од локалната самоуправа како и домашни и странски фондови за развој на населените места.