Согласно договорот за соработка помеѓу Министерство за труд и социјална политика и Општина Чашка заеднички ќе делуваат во рамките на своите стратешки определби преку поддршка на ктивности од јавен интерес за унапредување, промоција и поддршка на политиките за развој на социјална заштита.

Општина Чашка е во тек на активности за изведување на градежни работи за реконструкција и адаптација на дел од зграда 1 влез 3 бр 3 , набавка, транспорт и монтажа на опрема во Дневен центар за лица со телесна или ментална попреченост во Општина Чашка со капацитет од 12 лица.

Министерството за труд и социјална политика за 2021 година обезбеди средства во вкупен износ од 4 275 256 денари со ДДВ во кои се градежно занатски равботи и опрема на центарот.

На објектот Општина Чашка од сопствени средства ја промени кровната конструкција.