Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството РЕ Велес во соработка со Општина Чашка и „ АГРОЦЕНТАР“ организираа едукативно информативната средба за „ТЕРАГРАМИН“. Земјоделците кои присуствуваа на средбата има можност да се запознаат со подобрувачот на својствата на почвата, тераграмин кој дава резултати при одгледувањето на земјоделските култури. Имено тераграминот претставува целосно домашен производ добиен при ександирање во индустриски процес.Се произведува во гранули со неправилна форма и … светло сива боја со голема порозност, која му овзмпжува во себе да задржува дури и 60% вода и хранливи материи од ѓубривата, кои ги прави лесно достапни до кореновиот систем и не дозволува на тој начин нивно измивање во подземните води.
Квалитетот на почвата има значајна улога во земјоделското производство. Само квалитетна почва може да даде квалитетен принос.
Со цел да се подобри квалитетот на земјоделските култури континуирано се врши едукација на земјоделците во населените места.