Успешна завршна конференција за постигнатите резултати на проектот„ Стратегија за лица со инвалидност – ЛАПЛИ“ во просториите на Општина Кавадарци. Имено согласно предвидените активности и оддржаните работилници каде се креираа локалните стратегии во трите општини и тоа: Кавадарци, Градско и Чашка резултираше со видливи резултати. Локалните акциони планови се веќе стратешки документ за локалните самопурави.

Активните учесници во креирање и изготвување на локалните стратегии со својата … заложба, согледување на реалната слика и потреба на лицата со инвалидност допринесоа кон поставување на рамка за натамошни активности, мерки за делување во локалните средини се со цел реализирање на поголем број на проекти, негување, посветеност и спроведување на проектни активности, настани се со цел подобрување на животот за лицата со инвалидност во заедниците.

Како резултат на проектот се изготви и ТВ СПОТ и документарна емисија „Живот без бариери со еднакви можности за сите„
„Локален акциски план Лица со инвалидност во Општина Чашка 2019-2021година„ за Општина Чашка предлага јасно дефинирани активности и претставува основа за понатамошна насока кон остварување на еднакви можности и социјализација на лицата кои живеат во Општина Чашка.

Веруваме дека документот ќе придонесе создавање на поквалитетен живот за лицата со инвалидност. Секој подинец може да биде алка во создавање на услови и исполнување на мерките и активностите на планот. Овој стратешки документ е основа, база за отврање на можностите и искористување на средства од домашни и странски донатори со цел обезбедување на поддршка за подобрување на квалитетот на живот во Општина Чашка.

Проектот го спроведуваше Здржение на лица со церебрална парализа Велес во соработка и партнерство на Центарот за развој на Вардарски плански регион, финансиски поддржан од Европската Унија.

Организираниот пристап, поддршка и партнерство отвора нови можности за соработки и делување во локалните средини се со цел создавање на средина, општество без бариери за сите.