Преку Центарот за развој на Вардарски плански регион за 2018 година, Општина Чашка е дел од спроведување на програмата на центарот и тоа приоритет: Комунална инфраструктура и комунални услуги во мерка 1.1.2 Развој на системите за одводнување и прочистување на отпадните комунални води.
Проектот „Подобрување на … квалитетот на живот и зачувување на животната средина преку изработка на проектната документација за изградба на комунална инфратсруктура за Општините Чашка и Велес„ е во завршна фаза на имплементација. Носител на проектот е Центарот за развој на Вардарски плански регион и Општините Чашка и Велес со вкупен буџет од 1.978.270,00 денари, средства обезбедени од Бирото за регионален развој, Министерство за локална самоуправа.
Сите засегнати страни и тоа Општина Велес, Општина Чашка, ЈПВ „Лисиче“ и филтерна станица ДЕРВЕН Велес како и Центарот за развој на Вардарски плански регион се залагаат за подобрување на квалитетот на живот на жителите од Чашка, директно засегнати и се разбира жителите на Велес како индиректно засегнати страни.
Техничката документација се надеваме дека ќе ги отвори вратите за добивање на средства за имплементација на проектот во Општина Чашка.