Со поддршка од Јавното Претпријатие за државни патишта, во Општина Чашка денес започна со асфалтирање втората завршна фаза од регионалниот пат Гостиражни -Богомила во должина од 5.4км и ширина на асфалтна коловозна лента од 4 м, со цел конечно историско поврзување на општина Чашка со општина Долнени.
Согласно програмата на ЈПДП, за оваа цел се обезбедени 40.000.000 денари. Изведувач на активноста е ЈП Македонија Пат подружница Велес.
Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи со градежни активности со цел подобрување на патната инфраструктура и условите за живеење на месното население.