Почитувани,

Ве известуваме дека на ден 21.03.2018 година (среда), Градоначалникот на Општина Чашка заедно со општинската администрација иницира акција за расчистување на отпад на територијата на општината, во која што и истите ќе земат активно учество.

Воедно, покрај администрацијата, учество во акцијата ќе земат и припадниците на образовните институции и јавното комунално претпријатие “Тополка”, а поканата е отворена кон сите жители на општината.

Целта на оваа акција е да се придонесе во расчистување на местата кои заличуваат на диви депонии, подигнување на свеста за чиста околина без смет кај сите граѓани на општината и ставање на акцент на девизата дека чиста животна средина е основен предуслов за здрав живот. За да овозможиме здрав живот за сите нас и нашите идни поколенија, Ве покануваме да земете активно учество во оваа акција и акциите од овој облик кои ги планираме во иднина.