Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува земјоделските стопанства дека рокот за поднесување на барања за субвенции за 2018 година е продолжен до 12 јуни 2018 година.
Во овој период ќе се поднесуваат барања за директни плаќања за растително производство и тоа за површини со поледелски и градинарски култури, лозови и овошни насади како и за сточарско производство и тоа за одгледување на говеда, овци, кози, пчели, свињи, живина и за заклани животни во кланица.
Барањата се поднесуваат по електронски пат, самостојно од … страна на барателите. Доколку барателите имаат потреба за помош при создавање на електронското барање, може да се обратат во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес.
Сите дополнителни информации може да се добијат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјодлеството и руралниот развој како и на официјалната веб страна односно www.ipardpa.gov.mk
Согласно публикацијата „ Полјоделство, овоштарство и лозарство „ Државен завод за статистика, 2017 година во Општина Чашка вкупно земјоделска површина се 7754 хектари, од кои обработлива се 7026 хектари. Од 7026 хектари, површина по категории на користење се: ораници и бавчи се 6594 , овоштарници се 90, лозја 114 и 228 ливади, додека 728 хектари се пасишта.
Најголем дел од населението се занимава со одгледување на тутунопроизвдство и во 2017 година тутунот е засаден на 189 хектари.