Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот “финансиран од Европската Унија, а врз основа на Оперативниот план за активноте програми и мерки за вработување и усуги на пазарот на труд, објави ЈАВЕН ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ до невработени лица за мерката 10. Втора шанса (Пилот мерка)
Се известувааат евидентираните невработени лица кои немаат завршено средно стручно образование т.е 3-та година од стручното образование за занимања (тригодишно образование) или 4-та година од техничкото образование (четиригодишно образование) и спаѓаат во ранливите целни групи:
- Корисници на гарантирана минимална помош
- Млади лица до 29 години
- Роми
- Жени
- Лица со попреченост
- Долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција), а се заинтересирани да се вклучат во пилот мерката втора шанса и да го комплетираат своето стручно образование, со што ќе добијат диплома за завршено стручно образование, која не ја стекнале додека биле во вклучени во редовно образование.
Заинтересираните лица од Општина Чашка може да се пријават во Агенцијата за вработување, Центар за вработување Велес
Детални информации може да се добијат преку ЈАВНИОТ ПОВИК/ИЗВЕСТУВАЊЕ тука.