План за управување со животната средина и со социјалните аспекти (ПУЖССА) “Надградба на локалната улица „Коста Кирков“, локалниот пат во н.м. Мелница, локалниот пат во с. Отишино и локалната улица „Ацо Шопов“, во општина Чашка во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ
на 13.06.2022 (понеделник) во 11 часот
Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проект при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Чашка аплицираше со проект за “Надградба на локалната улица „Коста Кирков“, локалниот пат во н.м. Мелница, локалниот пат во с. Отишино и локалната улица „Ацо Шопов“ во Општина Чашка.
Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “ План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.
Документот “План за управување со животна средина и социјални аспекти” со сите пропратни документи ќе биде ставен на јавен увид на официјалните веб страници на:
Единица за Имплементација на Проект: https://wbprojects-mtc.mk)
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)
Општина Чашка (https://caska.gov.mk/)
Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk)
ДНЕВЕН РЕД за одржување на јавна расправа
ФОРМУЛАР за поднесување коментари
ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ
ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ АСПЕКТИ (ПУЖССА)
Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.
Јавна презентација ќе се одржи преку платформата Teams на следниот линк:
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски