Почитувани граѓани,
Ве известуваме дека во периодот од 22.11.2018 до 15.03.2019 ќе се изведуваат градежни работи на локацијата Рустемов извор-Диборски камен -м.в. Јечмиште на територијата на Општина Студеничани и Општина Чашка . Работите ги изведува фирмата ДГТУ АДРА ДООЕЛ експорт импорт Скопје а инвеститор е општина Чашка, со цел подобрување на квалитетот на животот на месното население.
При тоа Ве известуваме дека активностите ќе се изведуваат надвор од селото на делници пократки од 500м во периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне и при напасување на добитокот да се избегувна локацијата каде моментално се изведуваат работите со цел да не дојде до повреда на добитокот и попречување на … изведувачот во извршување на зададените задачи. При отпочнување на работите транспортот на механизација иматеријали ќе се врши преку село Алдинци а подоцна дел од материјалите и механизацијата ќе се транспортира низ с.Горно Јаболчиште за што навремено ќе биде информирано населението.
Се препорачува на локалното население да не ја користат пробиената траса од водоводот како шумски пат бидејќи истата нема намена на шумски пат и безбедносните ризици се високо изразени.
Бидејќи отсечените стебла од коридорот на трасата не се посебно обезбедени со подобрување на временските услови истите од страна на изведувачот ќе бидат одложени налокација одредена од општината, локалното население се замолува да не ги презема за лична или колективна употреба.
Доколку во билзина на трасата каде се изведуваат градежните работи се примети комунален и друг вид на отпад да се извести Овластениот комунален инспектор на Општина Чашка Марјан Јовановски на тел.број 076 426 831.
За дополнителни информации / прашања, Ве молиме да се обратите кај Горанчо Игнов на телефонски број 076 426 834 и Марјан Јовановски раководител на инспекциско одделение во Општина Чашка на телефон 076 426 831.
Општина Чашка