АКТИВО од Велес, во партнерство со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство“, поддржан од Европската Унија во соработка со општина Чашка организираше работна средба за изработка на новата Младинска стратегија 2025-2029 година во општина Чашка. Младите од општина Чашка имаа можност да ги идентификуваат стратешките приоритети, цели и активности во општина Чашка. Настанот се одржа на 09 октомври 2024 година во просториите ООУ Тодор Јанев во населба Чашка.
На настанот, кој е дел од напорите на општината за изработка на Локална младинска стратегија во Чашка, учествуваа двасетина млади од населените места Чашка, Извор и Горно Јаболчиште, како и членови на организации за млади и младински организации кои делуваат во општината.
Лидија Пљакова од општина Чашка предочи дека младите ја имаат поддршката од страна на општина Чашка за изработка на новата Локална младинска стратегија како стртешки документ на општината. Ја нагласи можноста за поддршка, при изработка на проектни апликации од страна на младите со кој ќе бидат реализирани нивните приоритети.
Дејан Ристов од АКТИВО го модерираше настанот, ги водеше младите низ процесот на дефинирање на приоритетните области, како и младински потреби и препораки кои ќе бидат составен дел од новата Локална младинска стратегија 2025-2029 година на општина Чашка.
На работната средба присуствуваше и Трајче Мишкоски, Претседател на Советот на општина Чашка. Мишкоски ги мотивираше присутните да ги донесат приоритетните области и нивните потреби и истакна дека младите ја имаат неговата поддршка и поддршката на Советот за конкретни идеи и активности кои се во нивни интерес.
Оваа иницијатива ќе придонесе за активно вклучување на младите во носењето одлуки на локално ниво, поголема информираност, јакнење на улогата на младите во општината, препознавање на младинските потреби и предизвици, поттикнување на напредокот и развојот на младите како и зајакнување на нивната улога во општеството.
Одржувањето на настанот е мотивирачки чекор младите од општина Чашка да практикуваат активно граѓанство преку дефинирање на приоритетните области во новата Локална младинска стратегија идентификување на приоритетите на младите и да работат во градењето на подобра иднина во локалната средина за сите граѓани.