Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (Службен Весник на Република Северна Македонија бр. 275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/2015) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.35/2018), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01/2024
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СО УНАПРЕДУВАЊЕ
1. Советник за правни работи, ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ПРАВНИ РАБОТИ, СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ, УПР 01 01 В01 000, (1) извршител.
- Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки, право
Работно искуство
-најмалку три години работно искуство во струката
Потребни општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 29.400,оо денари
2. Советник за образование, спорт и култура, во одделение за локален економски развој и јавни дејности, сектор урбанизам, локален економски развој и јавни дејности, УПР 01 01 В01 000, (1) извршител.
- Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Научно истражувачко подрачје:Општествени науки
Научно истажувачко поле: Образование
Работно искуство
-најмалку три години работно искуство во струката
Потребни општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 29.400,оо денари
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните:
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности
-На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во општина Чашка,кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место,пропишани во овој закон и актот за систематизација како и :
-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторствo
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, од денот на објавување на огласот.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса “Илинденска” број 8 Чашка како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.
Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник,
Горан Стојановски, с.р.