Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (Службен Весник на Република Северна Македонија бр.275/19, 14/20, 215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.11/2015 година) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Службен весник на РМ бр.35/2018 година), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 02-2023
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СО УНАПРЕДУВАЊЕ

  1. УПР 01 01 В01 000 Советник за буџетска контрола, во Одделение за финансиски прашања-(1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните:

Посебни услови-предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:

-ниво на квалификации VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалу 240 кредити според ЕКТС или заврен VII/1 степен-Економски науки

Работно искуство

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови:Понеделник- Петок
-Работни часови неделно:40
-Работно време:од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 29.400,оо денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните:

Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во општина Чашка, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место, пропишани во овој закон и актот за систематизација како и:
-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, од денот на објавување на огласот.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава,нема да биде предмет на разгледување.
Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник

Горан Стојановски с. р.

Пријавата за огласот можете да ја превземете ОВДЕ.