Врз основа на член 48 став 3 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 44/18) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас(Сл.весник на РМ бр.11/2015г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.35/2018г.)
Градоначалникот на …

Општина Чашка објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 03-2019
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СО УНАПРЕДУВАЊЕ

1.Раководител на Сектор за урбанизам, локален економски развој и јавни дејности,ОДДЕЛЕНИЕ ЗА УРБАНИЗАМ, ЗАШТИТА НА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, СЕКТОР ЗА УРБАНИЗАМ, ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ И ЈАВНИ ДЕЈНОСТИ,УПР0101Б02000 -(1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните:

Посебни услови-предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации -ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен –Архитектура,Урбанизам и планирање и Правни наукаи
-Работно искуство
-најмалку пет години работно искуство во струката,од кои најмалку две година на раководно работно место во јавен сектор,односно најмалку осум години работно искуство во струката од кои најмалку три години на раководно работно место во приватен сектор
-Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
-потврда за положен испит за административно управување

Распоред на работно времe
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 37.600,оо денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните

Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена,од денот на објавување на огласот.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место,преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава нема да биде предмет на разгледување.

Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ОПШТИНА ЧАШКА

Градоначалник

Горан Стојановски