Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници(“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и( Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас(Сл.весник на РМ бр.11/2015г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас(Сл.весник на РМ бр.35/2018г.), Градоначалникот на Општина Чашка објавува

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 04-2023
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СО УНАПРЕДУВАЊЕ

  1. Самостоен референт за прием и обработка на барања од граѓани УПР0101Г01000 -(1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
-Посебни услови-предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо,средно гимназиско образование или средно стручно образование(техничка насока,правна насока или економска насока).

Работно искуство

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 22.000,оо денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните

Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во општина Чашка,кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место,пропишани во овој закон и актот за систематизација како и :
-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена,од денот на објавување на огласот.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место,преку архивата на општина Чашка,до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашкакако и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава,нема да биде предмет на разгледување.

Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ПРИЈАВА за огласот можете да превземете ОВДЕ

OПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник
Горан Стојановски, с.р.