Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и (Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.11/2015г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.35/2018г.),Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 05/2023
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА СО УНАПРЕДУВАЊЕ

  1. Советник за изработка на урбанистички планови, одделение за урбанизам,заштита на животна средина и енергетска ефикасност, сектор урбанизам, локален економски развој и јавни дејности,со шифра УПР0101В01000 – (1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Научно истражувачко подрачје: Инжинерство и технологија
Научно истажувачко поле: Друго инжинерство и технологии (Архитектура, Урбанизам и Планирање)

Работно искуство
-најмалку три години работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 29.400,оо денари

  1. Советник за буџетска координација и планирање на буџет, во одделение за финансии, со шифра УПР0101В01000 – (1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
Посебни услови предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
-Стручни квалификации-ниво на квалификациите VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Економски науки

Работно искуство
-најмалку три години работно искуство во струката

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции
-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
-познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30

Паричен нето износ на плата: 29.400,оо денари


Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните:


Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во општина Чашка, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место, пропишани во овој закон и актот за систематизација како и :
-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:

-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторство

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка, како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

Пријавата може да се превземе во WORD / PDF формат.

Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава,нема да биде предмет на разгледување.

Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ОПШТИНА ЧАШКА
Г р а д о н а ч а л н и к,

Горан Стојановски, с. р.