Врз основа на член 48 став 3 од Закон за административни службеници („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16, 11/18 и Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19 и 14/20) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување, начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.11/2015 г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.35/2018г.)
Градоначалникот на Општина Чашка објавува:

Интерен оглас 01/2020
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ДВЕ РАБОТНИ МЕСТА СО УНАПРЕДУВАЊЕ

1. Раководител на СЕКТОР ЗА СТРУЧНА ПОДДРШКА, ПРАВНИ, ОПШТИ РАБОТИ И ИКТ УПР0101Б02000-(1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните:

Посебни услови-предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:

Стручни квалификации -ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Правни науки

Работно искуство

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции

Распоред на работно време

Работни денови: Понеделник- Петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 37.625,оо денари


2. Раководител на Одделение за урбанизам, заштита на животната средина и енергетска ефикасност со шифра УПР0101Б04000 -(1) извршител.

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните:

Посебни услови-предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:

Стручни квалификации -ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен – Градежништво,Водостопанство или Животна средина


Работно искуство

Потребни општи работни компетенции

Потребни посебни работни компетенции

Распоред на работно време

Работни денови: Понеделник- Петок
Работни часови неделно: 40
Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 29.673,оо денари

Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните

Општи услови

На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во општина Чашка, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место, пропишани во овој закон и актот за систематизација како и :

Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена, од денот на објавување на огласот.

Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место, преку архивата на општина Чашка, до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.

Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.

ОПШТИНА   ЧАШКА

Г р а д о н а ч а л н и к,

Горан Стојановски, с. р.

Пријавата за аплицирање можете да ја превземете овде.