Врз основа на член 48 став 3 од Законот за административни службеници(“Службен весник на РМ.“бр.27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016 и 11/2018), и( Сл.Весник на Република Северна Македонија бр.275/19,14/20,215/21 и 99/22) и Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас(Сл.весник на РМ бр.11/2015г.) и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас,начинот на поднесување на пријава за унапредување,начинот на спроведување на администратривна селекција и интервјуто,како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција,во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас (Сл.весник на РМ бр.35/2018г.), Градоначалникот на Општина Чашка објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ 01-2023
ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНО МЕСТО СО УНАПРЕДУВАЊЕ
- Самостоен референт за прием и обработка на барања од граѓани УПР0101Г01000 -(1) извршител.
- Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат следните
- Посебни услови-предвидени за работното место утврдени со Законот за административни службеници и актот за систематизација на работни места во општина Чашка:
- ниво на квалификации V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо,средно гимназиско образование или средно стручно образование (техничка насока, правна насока или економска насока).
Работно искуство
- најмалку три години работно искуство во струката
Потребни општи работни компетенции
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Потребни посебни работни компетенции
– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
-Работни денови: Понеделник- Петок
-Работни часови неделно: 40
-Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 18.845,оо денари
Кандидатите кои аплицираат на интерниот оглас треба да ги исполнуваат и следните
Општи услови
-да е државјанин на Република Македонија,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должности
На интерниот оглас може да се јави административен службеник,вработен во општина Чашка,кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работно место,пропишани во овој закон и актот за систематизација како и:
-да е оценет со оценка ,,А,, или ,,Б,, при последното оценување
-да е на работно место кое согласно актот за систематизација е на непосредно пониско ниво од работното место за кое е објавен интерниот оглас,
-да поминал најмалку две години на тековното Работни место
-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови,можат да ги приложат и следните докази:
-потврди за успешно реализирани обуки
-потврди за успешно реализирано менторство
Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот.
Заинтересираните административни службеници поднесуваат пополнета пријава и докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место,преку архивата на општина Чашка,до одделение за правни работи на адреса Илинденска број 8 Чашка како и на службената електронска адреса opstina@caska.gov.mk со назнака за интерен оглас.
Ненавремена, неуредна и нецелосна пополнета пријава, нема да биде предмет на разгледување.
Постапката Ќе ја спроведе Комисија за селекција за унапредување формирана од Градоначалникот на општина Чашка.
НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата се дисквалификува од натамошната постапка.
ОПШТИНА ЧАШКА
Градоначалник,
Горан Стојановски, с.р.
Образецот за пријава можете да го превземете ОВДЕ