Формирање на Иницијативниот одбор за конституирање на Локалното собрание на млади на Општина Чашка е само еден од чекорите за формирање на Локалниот младински совет.
Општина Чашка го објавува Јавниот повик за формирање на Иницијативниот одбор, чија задача е да го конституира Локалното собрание на млади.
Ова тело ќе биде составено од пет (5) членови, а во истиот може да членуваат претставници на: младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички организации, студентски организации и други облици на младинско здружување кои работат и функционираат на територија на општина Чашка. Предложените лица треба да се жители на Општина Чашка, на возраст од 15 до 29 години.
Сите заинтересирани можат да ги достават документите во архивата на Општина Чашка на ул. „Илинденска”, бр. 8, 1413 Населба Чашка, секој работен ден од 7:30 до 15:00 часот.
Јавниот повик ќе биде отворен седум (7) работни денови, почнувајќи од среда, 23.08.2023 година.
На следните линкови можете да превземете:
- ЈАВЕН ПОВИК за формирање на Иницијативен одбор за конституирање на Локално Собрание на млади на Општина Чашка
- ИЗЈАВА за согласност за користење на лични податоци од номинирано лице
- ИЗЈАВА од номинирано лице
- ПРИЈАВА за номинација на претставник од форми на организирање и здружување на млади за член во Иницијативен одбор кој ќе учествува во процесот на конституирање на Локалното Собрание на млади на Општина Чашка
Локалниот младински совет ќе придонесе за подобрување на состојбите на младите на локално ниво. Младинскиот совет ќе спроведува активности и политики за млади согласно Законот за младинско учество и младински политики.
Се надеваме дека младите преку организираната информативна средба за мотивација и младинско ангажирање во Општина Чашка од страна на АКТИВО од Велес, во партнерство и соработка од Општина Чашка со НВО Инфоцентар преку проектот „Здружени за активно граѓанство” се информираа и мотивираа младите за можностите за младинско учество во општината и пријават интерес за нивно вклчување.
Сите дополнителни информации може да ги добиете кај Ален Бекировски, службеник за млади во Општина Чашка.