Манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2024 е локална манифестација која обезбедува поддршка и промоција на локалните производители на локално и регионално ниво, и индиректно на национално ниво.

Традиционално поддршката за оддржување на локална манифестација е придонес кон промоција на локалното земјоделско производство. Ова е егзистенцијален приход , но и дополнителен приход кој го обезбедуваат жителите во Горно и Долно Јаболчиште односно вкупно 2500 жители.

Организацијата на локалната манифестација КОМПИРИЈАДА 2024 е во партнерство со ООУ Лирија во Горно Јаболчиште, кое има свои подрачни училишта во Долно Јаболчиште и Горно Врановци. Истата е поддржана од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Ова е придонес кон поддршка и промоција на локалните земјоделски производители, нивна промоција , вмрежување и овозможување на обезбедување на поголем пласман на своите производи во град Велес, Скопје како и во целата земја.