Врз основа на член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр.1/22), а согласно предвидените средства во Буџетот на општина Чашка за 2024 година, Комисијата за определување стипендии за талентирани ученици и студенти на општина Чашка на ден 29.07.2024 година, распишува:
КОНКУРС
за стипендирање талентирани ученици и студенти
за учебната 2024/2025 година
За учебната 2024/2025 година, општина Чашка ќе додели:
• 4 стипендии на талентирани ученици од II-IV година во средно образование.
Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
• 4 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование.
Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а ќе се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
Услови и критериуми за доделување стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
• Да се редовни ученици во средно образование (од II до IV година) со континуиран одличен успех кои освоиле I награда на државни натпревари или I, II или III награда на меѓународен натпревар од областа на науката, техниката, културата и спортот;
• Да се редовни студенти (со запишана II година) кои освоиле I награда на државни натпревари или I, II или III награда на меѓународен натпревар од областа на науката, техниката, културата и спортот при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9,00 или повисок успех;
• Да се жители на општина Чашка;
• Да се државјани на Република Северна Македонија;
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии
За ученици
1. Пријава од апликантите до Комисијата;
2. Свидетелства за континуиран одличен успех;
3. Документ со кој се потврдува освоени награди на државни натпревари;
4. Документ со кој се потврдува освоени награди на меѓународни натпревари
(ќе се смета за предност);
5. Потврда за личен доход на врaботените членови на семејството;
6. Потврда од Агенција за вработување за невработените членови на семејството;
7. Препорака од предметен наставник (ќе се смета за предност);
8. Препорака од наставнички одбор (ќе се смета за предност);
9. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита;
За студенти
1. Пријава од апликантите до Комисијата;
2. Уверение за положени испити;
3. Потврда за запишана година на факултетот;
4. Документ со кој се потврдува освоени награди на државни натпревари;
5. Документ со кој се потврдува освоени награди на меѓународни натпревари (ќе се смета за предност);
6. Потврда за објавени научни трудови (ќе се смета за предност);
7. Потврда за личен доход на вработените членови на семејството;
8. Потврда од Агенција за вработување за невработените членови на семејството;
9. Фотокопија од лична карта или патна исправа;
10. Препорака од предметен наставник (ќе се смета за предност);
11. Препорака од факултетот (ќе се смета за предност);
12. Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита;
Место и рок за поднесување на документите
Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворен плик со назнака:
„За Комисија за стипендирање на талентирани ученици и студенти на општина Чашка“ ул. „Илинденска“ бр.8 општина Чашка, со доставување во архивата на општина Чашка.
Рокот за поднесување на документите е заклучно до 09.08.2024 година.
Пријавата заедно со другите обрасци може да се подигне во општина Чашка и на веб страната на општина Чашка.
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во рок од 5 (пет) денови на веб-страната на општината и на огласна табла во општина Чашка.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за определување стипендии на талентирни ученици и студенти на општина Чашка во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на резултатите.
Конкурсот ќе биде објавен:
На веб страната на општина Чашка
На социјалните мрежи на општина Чашка
На огласна табла во општина Чашка
На огласна табла на сите основни училишта на територија на општина Чашка
На локални медиуми
ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на
Комисија за определување стипендии
за талентирани ученици и студенти
Трајче Мишкоски
Прилог: