Врз основа на член 7 од Правилникот за условите, критериумите и начинот на доделување на стипендии на талентирани ученици и студенти на општина Чашка („Службен гласник на општина Чашка“ бр5.1/22), а согласно предвидените средства во Буџетот на општина Чашка за 2022 година,
Комисијата за определување стипендии за талентирани ученици и студенти на општина Чашка на ден 04.08.2022 година, распишува:
К О Н К У Р С
за стипендирање талентирани ученици и студенти
за учебната 2022/2023 година
За учебната 2022/2023 година, општина Чашка ќе додели:
• 4 стипендии на талентирани ученици од II-IV година во средно образование.
Стипендијата е во висина од 1.500 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
• 4 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование.
Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а ќе се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
Услови и критериуми за доделување стипендии
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат и студираат во училиштата и факултетите во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
• Да се редовни ученици во средно образование (од II до IV година) со континуиран одличен успех кои освоиле I награда на државни натпревари или I, II или III награда на меѓународен натпревар од областа на науката, техниката, културата и спортот;
• Да се редовни студенти (со запишана II година) кои освоиле I награда на државни натпревари или I, II или III награда на меѓународен натпревар од областа на науката, техниката, културара и спортот при што приоритет имаат кандидатите кои освоиле повисока награда, а кои во претходните години на студии постигнале просечен успех од 9,00 или повисок успех;
• Да се жители на општина Чашка;
• Да се државјани на Република Северна Македонија;
Потребни документи за учество на конкурсот за стипендии
За ученици:
- Пријава од апликантите до Комисијата;
- Свидетелства за континуиран одличен успех;
- Документ со кој се потврдува освоени награди на државни натпревари;
- Документ со кој се потврдува освоени награди на меѓународни натпревари;
- Потврда за личен доход на врaботените членови на семејството;
- Потврда од Агенција за вработување за невработените членови на семејството;
- Препорака од предметен наставник (ќе се смета за предност);
- Препорака од наставнички одбор (ќе се смета за предност);
- Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита;
За студенти:
- Пријава од апликантите до Комисијата;
- Уверение за положени испити;
- Потврда за запишана година на факултетот;
- Документ со кој се потврдува освоени награди на државни натпревари;
- Документ со кој се потврдува освоени награди на меѓународни натпревари;
- Потврда за објавени научни трудови;
- Потврда за личен доход на вработените членови на семејството;
- Потврда од Агенција за вработување за невработените членови на семејството;
- Фотокопија од лична карта или патна исправа;
- Препорака од предметен наставник (ќе се смета за предност);
- Препорака од факултетот (ќе се смета за предност);
- Изјава дека сите податоци доставени со целокупната документација се вистинити и содржината на истите е вистинита;
Место и рок за поднесување на документите:
Пријавата со потребните документи се доставуваат во затворен плик со назнака:
„За Комисија за стипендирање на талентирани ученици и студенти на општина Чашка“ ул. „Илинденска“ бр.8 општина Чашка, со доставување во архивата на општина Чашка.
Рокот за поднесување на документите е заклучно до 10.08.2022 година.
Пријавата заедно со другите обрасци може да се подигне во општина Чашка и на веб страната на општина Чашка.
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени во рок од 3 (три) дена на веб страната на општината и на огласна табла во општина Чашка.
Незадоволните кандидати можат да поднесат приговор до Комисијата за определување стипендии на талентирни ученици и студенти на општина Чашка во рок од 3 (три) дена од денот на објавување на резултатите.
Конкурсот ќе биде објавен:
– На веб страната на општина Чашка
– На социјалните мрежи на општина Чашка
– На огласна табла во општина Чашка
– На огласна табла на сите основни училишта на територија на општина Чашка
– На локални медиуми
ОПШТИНА ЧАШКА
Претседател на Комисија за определување стипендии за талентирани ученици и студенти
Трајче Мишкоски, с.р.
За потребите при аплицирањето, можете да превземете: