Манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2020 е локална манифестација која обезбедува поддршка и промоција на локалните производители на локално и регионално ниво, и индиректно на национално ниво.

Традиционално поддршката за оддржување на локална манифестација е придонес кон промоција на локалното земјоделско производство. Ова е егзистенцијален приход , но и дополнителен приход кој го обезбедуваат жителите во Горно и Долно Јаболчиште односно вкупно 2500 жители.


Организацијата на локалната манифестација КОМПИРИЈАДА 2020 е во партнерство со ООУ Лирија во Горно Јаболчиште, кое има свои подрачни училишта во Долно Јаболчиште и Горно Врановци. Оваа година сме поддржани од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство .

Ова е придонес кон поддршка и промоција на локалните земјоделски производители, нивна промоција , вмрежување и овозможување на обезбедување на поголем пласман на своите производи во град Велес, Скопје како и во целата земја.


Манифестацијата оваа 2020 се оддржа во Долно Јаболчиште каде производителите на компир од Горно и Долно Јаболчиште, како и други производи: костен , дуњи, ореви имаа можност да се презентираат на манифестацијата.

Најголем дел од произвдоените компири од Горно и Долно Јаболчиште завршува на пазар во Скопје, Велес Оваа манифестација е мост и мотив за месното население да обезбеди подобар пласман и повисока цена на планинаскиот квалитетен компир.. Сортите кои се произвдеуваат се АГРИА; ЖЕЛИ , ФЛАУРА и АГАФ.


Манифестацијата покрај продажен афирмативен карактер има промоција на приготвените традиционални јадења како : пета, мусака и баклави препознатливи за албанското население и обичаи како и културен дел игри и песни.


Можност за секој посетител на манифестацијата КОМПИРИЈАДА 2020 да биде еден ден во недопрена природа, на лице место каде се произведува планинскиот компир на повеќе од 1000 метри надморска висина и секако големите продажни маркети да имаат олеснет пристап при набавка на копмир во малопродажба, но несомнено е да се напомене дека е пресулов и можност за обезбедување на поголема тонажа на компир.

Манифестацијата ја исполни својата цел, односно поттикнување на вмрежување, промоција и афирмација на локано и регионално ниво .
Оваа година манифестацијата се оддржа во согласност со мерките за заштита и социјална дистанца.


Директно ООУ Лирија Горно и Долно Јаболчиште, вклучување на наставници , за припрема на Културно уметничката програма, ангажирање на децата, ученици кои преку своите семејства беа ангажирани за приготвување на традиционалните специјалитети и обезбедување на дегустација на храна за гостите, посетителите на манифестцаијата

Едукативно се вклучија и децата од детската градинка „Димче Мирчев“ клон Бамби во Населба Чашка каде имаа можност да изработат предмети од компир и преку игра да научат основни сознаија за компирот и јадењата кои им се нивни омилени од компи, помфрит, мусака беа само дел од нивните искажувања.

Согласно препораките за заштита на децата од ООУ„ Тодор Јанев“ Населба Чашка се вклучија во дел од настанот, манифестација КОМПИРИЈАДА. Децата од прво одделение низ едукации изработуваа предмети од компири.

Во склоп на манифестацијата имаше едукативен час за најмалите во ПОУ Лирија Горно Врановци