Согласно јавниот повик бр.03/2018 за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година земјоделските стопанства имааат можност за користење на мерката 121, Инвестиции за модернизација на земјоделските стопанства.
Подмерката 121.4 е за набавка на систем за наводнување капка по капка, конструкција на бунари и дртуги зафати на површинска вода.
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко- финансирање на завршени и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50% од вреднсота на … одобрените прифатливи трошоци за инвестиции.
Ставката на ко-финансирање за мерката 121 се зголемува ако:
-Се работи за инвестиција на земјоделско стопанство чиј носител е млад земјоделец до 55%;
-За инвестиции во подрачја со ограничени можности на земјоделско производство до 60%;
-За инвестиции во подраќја со ограничени можности на земјоделско производство кога носителот на земјоделското стопанство е млад земјоделец 65%;
-За инвестиции во недостапни рурални заедници до 75%
Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на e-baranje.ipardpa.gov.mk . Крајниот рок за доставување на барањата е 21 август 2018 година.