Во просториите на Центарот за развој на Вардарски плански регион се оддржа средба со претставници од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на која присуство земаа Градоначалниците и претставници од локалните самоуправи кои спаѓаат во Вардарскиот регион.

Имено присутните имаа …

можност да добијат информации за престојниот повик во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година за мерките 321, 322 и 323.

Локалните самопурави и центрите за развој на планските региони се корисници на овие мерки кои имаат за цел да се подобрат условите за живот во локалните средини.

Средбите се корисни за потенцијалните корисници на мерките се со цел навремено да се подготват барањата за користење на мерките и при тоа да се искористат односно успеат да апсорбираат поголеми средства за локалните самоуправи и регионите.