До крајот на овој месец, сите земјоделци кои од 1-ви октомври се до 31-ви декември 2017-та година ги зголемиле стадата, или пак формирале нови, ќе имаат можност да аплицираат за добивање на средствата од „Програмата за рурален развој“, односно Мерката 121 „Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“.
Со овие средства, фармерите може да повратат од 50 до 75 отсто од вкупната инвестиција за оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата „Буша“). Исто така преку оваа мерка се признаваат трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинали или мелези на свињи (нерези и назимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство. Освен поволности за набавка на расни грла добиток, мерката 121 опфаќа и … средства наменети за подигање на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади на ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија, и багрем) на нови површини.“
За сите дополнителни информации за мерката 121 може да се инфомирате преку јавниот повик бр 01/2018 година објавен на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој